Вести
Во Скопје 11 сообраќајки, повредени девет лица
На подрачјето на Град Скопје во текот на изминатиот ден се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои пет со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда.
Со повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и тројца пешаци.
Сообраќајната полиција санкционирала пет возачи коишто поминале на црвено светло, седум возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на возењето, девет возачи кои возеле со измината сообраќајна дозвола и седум лица кои возеле без возачка дозвола.



