Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Загинатите мигранти во несреќата во Велес се од Сомалија и од Авганистан

Актуелно

Загинатите мигранти во несреќата во Велес се од Сомалија и од Авганистан

Основното јавно обвинителство Велес ја продолжува истрагата за железничката несреќа што се случи синоќа околу 22:30 часот на железничката пруга Велес – Скопје на околу 2 километри по железничката станица „Рајко Жинзифов“, поточно помеѓу оваа станица и стојалиштето Пчиња.

ОЈО Велес информира дека од првичните сознанија добиени од групата од десетина лица кои од непристапниот околен шумски терен се приближиле до пругата при вршењето на увидот, добиени се сознанија дека се работи за мигранти од Сомалија и од Авганистан кои се движеле по пругата во група и во моментот кога го слушнале звучниот сигнал тие успеале да го избегнат ударот на возот скокајќи од пругата во околниот простор.

– Според машиновозачот на патничкиот експресен воз бр.334 кој сообраќа на релација Гевгелија-Белград движејќи се во правец кон Скопје по изминувањето на железничката станица „Рајко Жинзифов“ на околу 50-100 метри пред возот, забележале поголема група, која броела повеќе десетици лица, како стои или оди по пругата. Во тој момент машиновозачот презел дејствие на интензивно сопирање на возот и вклучил звучен сигнал при што дел од лицата кои се наоѓале на пругата избегале, додека, пак, дел од нив останале и поради неможноста на толку кусо растојание возот да сопре, удрил во нив при што некои се прегазени. На растојание од околу 100-150 метри од ударот возот запрел и веќе е онеспособен за натамошно движење поради оштетувањата настанати од несреќата, стои во соопштението од ОЈО Велес.

Основен јавен обвинител од Велес заедно со увидна екипа на СВР Велес и медицински лица од Амбулантата за Брза помош во Велес излегле на лице место и извршен  увид, при што е констатирано дека на пругата се усмртени 14 лица. Повредени лица не се затекнати на местото на настанот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.