Актуелно
Започна 48 часовниот натпревар на НАСА „Спејс апс челинџ“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Од денеска до 24 април во просториите на „Њу менс бизнис акселераторот“ по четврти пат ќе се одржи „Спејс апс челинџ“ натпреварот на НАСА.
Оваа година, на настанот ќе учествуваат 120 учесници, кои во наредните 48 часа треба да работат на предизвици поставени од НАСА.
– „Македонија по четврти пат се вклучува во натпреварот и можеме да кажеме дека резултатите се одлични. Интернационалниот карактер зборува за добрата подлога која ја направивме во Македонија, дека македонските студенти имаат потенцијал и капацитет за да го докажат својот талент на светско ниво.“ – изјави министерката Марта Арсовска Томовска.





