Вести
Засилено полициско присуство кај Кривичен суд за „Дива населба“
Засилено полициско присуство е забележливо претпладенво пред и во Кривичниот суд каде што денеска треба да биде соопштена пресудата за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.
Сообраќајот пред судот се пренасочува, а повремено надлетуваат и полициски хеликоптери.
Судското рочиште на кое ќе биде објавена пресудата е закажано за 10:30 часот.



