Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ејсап Роки ѝ се фрли во прегратка на Ријана откако беше ослободен од обвиненијата

Шоубиз

Ејсап Роки ѝ се фрли во прегратка на Ријана откако беше ослободен од обвиненијата

По три недели заврши судењето на популарниот музичар, а тој со емоции и на работ на солзи ја дочека пресудата.

Американскиот рапер A$AP Роки (36) беше прогласен за невин пред судот во Лос Анџелес, откако беше обвинет дека пукал во својот пријател. По пресудата тој се залета во прегратките на својата партнерка Ријана, која беше толку обземена од емоции што за малку ќе заплачеше.

Маркетинг

Ги гушкаше и луѓето од неговиот адвокатски тим. По излегувањето од судницата тој накратко рече: „Ви благодарам на сите што ми го спасивте животот“. Ријана потоа се огласи на социјалните мрежи.

„Славата му припаѓа на Бога и на никој друг! Благодарна сум и понизна поради неговата милост“, напиша таа.

Раперот доби ослободителна пресуда на крајот на неговото судење, кога поротниците го прогласија за невин по сите точки од обвинението за напад со полуавтоматско огнено оружје во пукањето на неговиот поранешен пријател А$АP Рели што се случи на 6 ноември 2021 година во Холивуд.

Судењето траеше три недели, а во пресрет на кое Роки ја одби понудата на обвинителот да одлежи шестмесечна затворска казна и да биде осуден на условна казна. Тоа не доаѓаше во предвид бидејќи тој ќе требаше да се изјасни за виновен по една точка од случајот.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.