Вести
Се зголемува бројот на заболени од грип, 63 нови случаи
Изминатата недела (од 23 до 29 октомври) се регистрирани 63 нови случаи на заболени од грип, што е зголемување за 40 отсто во однос на неделата пред неа (од 16 до 22 октомври), се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје на Република Македонија објавен денеска на неговата веб страница.
Споредено со бројот на регистрирани случаи во истиот период минатата сезона, се бележи зголемување од 46,5 отсто.
Во оваа недела, пријавени се заболени лица од 9 извештајни единици. Најголем број на заболени се регистрирани во Подрачната единица Гостивар – 36 заболени лица. Највисока инциденца исто така се бележи во ПЕ Гостивар – 30,1 на 100.000 жители, а најниска во ЦЈЗ Прилеп – 1,1 на 100.000 жители.


