Вести
Земјотресот во Кукуш предизвика минимални оштетувања на објекти во Дојран
Земјотресот со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 25 километри од северозападно од грчкиот град Кукуш, кој изутрината во 5:24 часот беше почувствуван и во југоисточниот дел на Македонија, предизвика мали оштетувања на дел од објекти во Стар и Нов Дојран.
Жители изјавија дека забележани се мали изронувања на малтерот од куќите и напукување на ѕидовите од постарите куќи и други објекти.
Според градоначалникот на Стар Дојран, Анго Ангов, жителите не пријавиле штети предизвикани од земјотресот.



