Настани
Get EXITed спектаклот со најголемите светски и регионални ѕвезди уште еднаш ги воодушеви фановите во Струмица!
Долгоочекуваното, второ по ред издание на „Get EXITed“ настанот во Струмица, во организација на ЕГЗИТ тимот синоќа на посетителите во струмичкиот Градски парк им приреди спектакл за паметење!
Повеќе од 20.000 фанови танцуваа до утро со омилените песни на поп и соул сензацијата Џон Њуман, кој со својот специјален настап покажа зошто важи за една од најголемите светски ѕвезди на денешницата, незаборавниот сет на глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, регионалните мегаѕвезди Констракта и „Ван Гог“, но и одличниот Џамбо Агушеви Оркестар, вундеркиндот на електронската музичка сцена Лана и продуцентките и диџејки „Д Георс“!
„Во последните децении многумина работеа на тоа што повеќе да ги поделат луѓето и народите на овие простори, а токму ваквите средби го свртуваат тој процес во обратен правец, наместо омраза да имаме љубов, мир наместо војни, соработка и разбирање наместо кавги. Проектите како што е овој ја враќаат надежта и вербата дека подобра иднина, не само тука, туку и на целиот свет е можна, и тоа е суштината на нашата соработка со Струмица“ – кажа основачот и директор на ЕГЗИТ фестивалот Душан Ковачевиќ.






