Настани
Традиционално: Предновогодишен концерт на Ацо Пејовиќ во Скопје и големо изненадување за фановите!
Српската музичка ѕвезда Ацо Пејовиќ има специфична животна приказна. Таа приказна претставува остварување на големиот сон, но дури по долгиот и тежок пат низ кој морал да помине, за денес тоа да биде искуство кое се чувствува во неговите песни. Неговиот живот е далеку од совршен, но тој успева работите да ги прифати на вистински начин. Не е еден од оние кои себе си во медиумите ќе се претставува како голема ѕвезда чиј што живот е идеален. Не. Тој со себе носи порази и тага, разделби и болка, но и огромни успеси за кои отворено зборува.
Го помина патот од дно, до голема популарност. И тоа е печат на неговиот живот, кариера и песни кои во последните неколку години го отсликаа неговиот живот, неговото срце и се она што во себе го носи.
А да го отсликате портретот на Ацо Пејовиќ претставува вистински предизвик, особено кога тоа треба да го направите со зборови, емоција и анализа. Да успеете да го “отворите” човекот кој не е отворена книга, кој ги чува своите вредности на вистински начин, криејќи го својот живот далеку од очите на јавноста.






