Колумни
Времето е битие кое нѐ гради или разградува…
Губењето мерка за вреднување на минатото (особено кога е надвор од историски, научни и естетски вреднувања) е деструктивна крајност колку и заробеноста во минатото со опасна игра на оживување демони.
Без сеќавање нема размислување ниту разбирање на митосот, логосот и епосот, ниту развивање на науката, уметноста и религијата. Но, предимензионираната меланхоличност кон минатото буди некритички дух , ја успива креативноста и перспективата, а пак од друга страна, вртењето грб на трајните историски вредности е бесмислено. Ја губиме ли мерката , а со неа и правото на иднина која се темели на умерен баланс помеѓу минатото и сегашноста?
Апсолутно декодирање на минатото е невозможно исто колку и нејзиното „суспендирање“ кое во колективната меморија создава фрустрација. Со должна почит кон научните истражувања, но понекогаш знаат да бидат гротескни во упорноста да се докаже една единствена голема вистина.



