Магазин
26 пат FWSK: Модата е уметност, a дизајнот знае за етика
Fashion Weekend Skopje, со оправдано уверување дека модата е уметност, повеќе од две децении го организира Модниот викенд, кој оваа година од 9 до 11 март по 26 пат ќе се случи на нова локација и со нов концепт.
Мотото на 26-то издание на FWSK е “Јазикот на етиката и дизајнот”, локацијата ќе биде East Gate Mall, а календарски настанот се спојува со Деновите на италијанскиот дизајн, при што ова издание е во тесна соработка со Италијанската Амбасада во Скопје и Италијанската агенција за трговија ITA.
Модниот викенд годинава прави спој на возбудата и гламурот кои ќе го донесат италијанските славни брендови во Скопје со ревиите на ARMANI, LIU JO, PATRIZIA PEPE, TWINSET, SIGMA JEWLERY, DAN JOHN, ERREA, LEMARE, TOSCA BLU, BARK SHOES, FRATELLI BOVO, DANIELA COARO, UTOPIA, SERGIO ROSSI, TRUSSARDI, KIKO MILANO…







