Занимливости
3Д пешачки премини во Исланд (ВИДЕО)
Исландските власти ќе се обидат да ја унапредат безбедноста на пешаците со помош на т.н. 3Д пешачки премини, особено на местата на кои возачите често поминуваат на црвено.
Секако, „зебрите“ ќе бидат дводимензионални, но нацртани така што ќе личат на квадари столбови, што лебдат над асфалтот. Идејата е – тоа да ги потсети возачите да ја намалат брзината.
