Занимливости
ЈА ЗАПРОСИ МЕГАН МАРКЛ: Принцот Хари поради љубов ја прекрши кралската традиција
Британскиот принц Хари неодамна ја побара за жена својата девојка, американската актерка Меган Маркл,, со што ја прекрши повеќедецениската кралска традиција, објавија лондонските медиуми.
Имено, според традицијата во британското кралско семејство, веридба е можна дури по две години љубовна врска.
Меѓутоа, како што наведуваат медиумите, 32-годишниот Хари решил да го прекрши правилото и „пред време“ да ја запроси 36-годишната Меган поради две причини – големата љубов кон неа, но и желбата неговиот дедо, принцот Филип и него да го види пред олтарот.




