Видео
Гордон Ремзи би полудел: Како Меган Маркл го чува месото во фрижидер?! (ВИДЕО)
Британската јавност повторно бурно реагираше на шоуто „Со љубов, Меган“, откако во една од епизодите беше прикажан момент што многумина го нарекоа „неприфатлив“. Сцената во која војвотката од Сасекс го отвора својот фрижидер предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, особено поради начинот на кој биле складирани пилешките батаци.
Во третата епизода од шоуто, кое се снима во луксузниот имот во Монтесито, гледачите забележаа дека свежото пилешко месо стои на полица веднаш до листови зелена салата, без заштита или сад. Реакциите беа брзи и жестоки – многумина ја обвинија Меган за нехигиенско постапување со храната и можен ризик од контаминација.
„Ова е директен пат до труење со храна“, „Некој треба да ѝ објасни што е салмонела“, „Гордон Ремзи би ја искритикувал за ова“, беа дел од коментарите на платформата X.




