Магазин
АКО СТЕ ГЛАДНИ: Пица која чини 2.000 долари
Еден њујоршки ресторан нуди пица вредна 2.000 долари, која меѓу другото, се состои од тартуфи, кавијар од есетра, гускин дроб и 24-каратни ливчиња злато, пишува списанието „Ескваер”.
Специјалитетот приготвен на јаглен, е дело на компанијата „Индустри кичен”. Синото сирење „Стилтон”, кое исто така е една од состојките, е увезено од Англија, тартуфите и гускиниот дроб се од Франција, кавијарот е од Каспиското Море а златните листови од Еквадор.
Маестро Браулио Бунеи, готвачот автор на ова своевидно ремек-дело, дошол до таа идеја, оти неговиот ресторан се наоѓа во непосредна близина на њујоршката финансиска елита, каде секојдневно наминуваат бизнисмени од секаков калибар.




