Занимливости
ЗИМАТА ДОЈДЕ: По 37 години падна снег во Сахара
Во малиот алжирски град Аин Сефри во пустината Сахара синоќа падна снег и тоа првпат од 1979 година.
Аматерскиот фотограф Карим Бучетата ги забележал со фотоапаратот неверојатните сцени на сахарскиот песок покриен со снег.
Локалните жители биле изненадени и изјавиле дека снежната покривка се задржала во текот на целиот ден.





