Магазин
Најубави ледени објекти во Европа и Северна Америка
Пет најубави ледени туристички објекти во Европа и Северна Америка на гостите им нудат рибилов низ „подот“, мавање со снежни топки внатре, сауни, спа-програми, како и куглање на мраз.
Ако сте чувствителни на студ, ноќевањето во леден хотел и превозот со електрични санки можеби не ви звучи многу примамливо, но сепак станува збор за незаборавна авантура.
Ледените хотели се архитектонски чуда, кои траат од декември до април. Исклучок е хотелот „365“ во шведското село Јукасјарви. Како што зборува името, достапен е целата година, има 20 апартмани и комплетно е еколошки. Сепак уште на десет места на планетата и понатаму од мраз се градат вакви хотели.




