„And just like that…“ : Објавени првите епизоди од серијата, фановите разочарани
Првите две епизоди од новата серија „And just like that…“, која е продолжение на култнaта серија „Сексот и градот“, беа објавени на стриминг сервисот HBO во четвртокот. Иако голем дел од фановите немаа големи очекувања поради отсуството на нивната миленичка Ким Катрал (65), исходот од првата епизода целосно ги шокираше.
Веднаш по објавувањето на првите две епизоди од серијата „And just like that…“, негативните реакции од гледачите ги преплавија социјалните мрежи. Ретки се оние на кои им се допадна новата сезона, а многумина истакнуваат дека е премногу темна и депресивна.





