Две децении „Хари Потер“ : Се снима специјална епизода на HBO Max
Оригиналната волшебничка тројка од Хогвортс повторно се обединува за да ги раскаже своите авантури од пред две децении.
Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон во придружба на режисерот Крис Колумбус и другите членови на актерската екипа од сите осум филмови „Хари Потер“, за прв пат ќе се обединат во специјалната епизода на HBO Max за да ја прослават годишнината од првиот филм на франшизата, „Хари Потер и Каменот на волшебникот“, чија премиера беше прикажана пред 20 години.
„Harry Potter 20th Anniversary: Return to Hogwarts“ ќе биде премиерно прикажан на HBO Max на Нова година, 1 јануари 2022 година. Сите осум оригинални филмови „Хари Потер“ на Ворнер Брос се емитуваат на HBO Max.




