Занимливости
Audi А3 го слави 20-годишниот јубилеј со повеќе од 3,5 милиони возила продадени низ цел свет
Нов успех за фабриката од Инголштат, Германија која е „одговорна“ за производството на реномираниот бренд со четири прстени, Audi.
Во септември 1995 година односно пред точно две децении, на пазарот се појави првиот Audi А3, а компанијата досега има произведено повеќе од 3,5 милиони примероци од овој модел. Денес секој петти продаден Audi автомобил е A3, а моделот продолжува да биде револуционерен кога станува збор за алтернативните системи за возење. Несоборлив доказ за значењето на овој автомобил е флексибилното производство на A3 Sportback e-tron, A3 Sportback g-tron и стандардните A3 модели од Инголштат.
– Две децении од создавањето на Audi A3 воедно значат и дваесет години триумф во класата на компактни автомобили. Зад производството на овој модел стои високо стручен производен тим без кој оваа успешна приказна немаше да биде достижна – изјави Хјуберт Валтл, член на одборот за производство на Audi.




