Магазин
Avon ја претстави линијата Mark која ги инспирира девојките да креираат
За сите девојки кои шминката ја гледаат како начин да се изразат, да ја истакнат својата личност, да бидат забележани и креативни, компанијата Avon креираше нова линија Mark која е составена од смели и впечатливи мејкап производи.
Промоцијата на новата линија ги израдува вистинските љубители на декоративна козметика кои знаат дека шминкањето е уметност.
Mark им дава на трендсетерките дополнителна мотивација да го покажат својот талент за експериментирање и да си играат со техники, бои и текстури како вистински уметници. Благодарение на широкиот спектар високо пигментирани производи за очи, усни, лице и нокти со силни нијанси, девојките имаат неограничени можности да создаваат ремек – дела кои ќе им помогнат да остават впечаток во секоја ситуација.





