Занимливости
Авон донираше за помош на жените жртви на семејно насилство во Македонија
Ставајќи ја општествената – одговорност како компаниски приоритет, AVON донира 10.000 долари за кризниот центар „Надеж“ кој веќе 16 години обезбедува помош на жртвите на семејно насилство во Македонија.
Станува збор за организација која има отворено СОС – линија и нуди правни совети, психолошка помош и сместување во првите денови откако жените – жртви го напуштиле домот каде биле малтретирани. Козметичкиот гигант AVON на глобално ниво, преку својата фондација, има активна програма наречена „Проговори против семејното насилство“, а средствата кои се донираат и вложуваат во неа се собираат преку продажба на посебни производи од нивната палета обележани со симболот на бесконечност.
AVON во земјава има организирано неколку успешни кампањи насочени кон борбата против ракот на дојка, а ова е првпат да се донираат средства за помош на жртвите на семејно насилство како и за подигање на свесноста за постоењето на проблемот во Македонија.




