Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МИТ ИЛИ ВИСТИНА: Прочитајте ги најпознатите „заблуди“ од денешницата

Занимливости

МИТ ИЛИ ВИСТИНА: Прочитајте ги најпознатите „заблуди“ од денешницата

Постојат широко распространети митови во кои сите веруваат и многу „факти“, кои всушност се лага. 

1. Наполеон бил низок

Тој не бил многу висок, но со 170 см висина бил просечен Француз во тоа време.

2. Кинески ѕид

Не, не е можно да се види од вселената.

3. Биковите мразат црвена боја

Биковите се всушност далтонисти кои ги нервира ако некој им мафта со крпа над глава и тоа го сметаат за закана.

4. Бананите растат на дрво

Тие растат на растенија кои потсетуват на дрвја.

5. Ако при варењето тестенини додадете масло, тие нема да се залепат

Единственото нешто што ќе се случи е водата нема да се запени и нема да истече од тенџерето.

6. Лилјаците се слепи

Не само што добро гледаат, туку користат ехолокација за да се движат. Исто така, ни кртовите не се слепи, но полошо гледаат.

7. Имаме пет сетила

Имаме уште најмалку дваесет сетила покрај мирис, допир, вкус, слух и вид, а меѓу другите се и рамнотежа, движење, глад и жед.

8. Кафето го дехидрира организмот

Кафето не нѐ тера толку често во тоалет како што некои мислат, бидејќи диуретскиот ефект на коефеинот е намален за количеството вода што се наоѓа во пијалокот.

9. Алкохолот убива мозочни клетки

Многу алкохол не е добро за никого, но не постојат докази дека повременото опивање ќе го оштети капацитетот на вашиот мозок.

10. Правилото од пет секунди

Ако мислите дека ако можете да изедете нешто што паднало на под само затоа што сте го зеле за покусо време за пет секунди, треба да се знае дека бактериите ќе  се најдат на храната без оглед на тоа колку кусо била таа на подот.

11. Монт Еверест е највисокиот врв на светот

Не, тоа е Мауна Кеа на Хаваите, ако се мери од основата до врвот. Еверест е највисок во споредба со нивото на морето.

12. Ако фрлите монета од Емпаер стејт билдинг можете да убиете случаен минувач

Кованата пара не може да постигне толкаво забрзување за да стане смртоносна, иако многу ќе ја заболи личноста која ќе биде погодена.

13. Кикириките припаѓаат на јаткастите плодови

Не, кикириките припаѓаат на друга фамилија билки Leguminosa.

14. „Ѕвончиња“ е божикна песна

Оваа песна всушност е посветена е на зимата и Денот на благодарноста

15. Пушењето предизвика никодимски дамки

Никотинот е безбоен, а дамките се појавуват поради катранот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.