Ви препорачуваме
Авон и Каролина прославија една година заедничка соработка
Заокружувајќи една година како заштитно лице на козметичкиот гигант AVON, популарната пејачка Каролина Гочева се појави на насловната страна на септемвриската брошура и одлучи да почувствува како е да бидеш дел од тимот на компанијата.
Таа месецов стана Претставник, подетално се запозна со производите и со начинот на кој функционира AVON и додава дека нејзина најсвежа фасцинација е маскарата Wade Awake. Станува збор за нов производ кој Каролина го претставува во најновата брошура на компанија. Таа во април годинава беше на ексклузивна фотосесија во Варшава, Полска каде под водство на професионална екипа направи серија на врвни фотографии за промоцијата на маскарата Wide Awake и насловната страница на Брошура 13.






