Магазин
AVON True – нова козметичка линија која ги исполнува ветувањата
Балансирањето на успешна кариера, семејни обврски и дружби со пријателите може да претставува вистински предизвик, поради што Avon ја лансира True – нова линија производи која што на жените, и покрај недостатокот од слободно време, ќе им овозможи секогаш да изгледаат и да се чувствуваат одлично.
Линијата True содржи сѐ што е потребно за да се постигне негуван и софистициран изглед што ќе трае во текот на целиот ден. Составот на производите True е проверен и овозможува квалитет на кој може да му се верува.
Новата линија е наменета за жените кои што сакаат да ја истакнат својата природна убавина и без многу труд да постигнат класичен изглед што секогаш ќе биде во тренд. Основата на елегантната и вонвременска шминка секако се негуваните усни во богати нијанси и долгите трепки, кои секоjа жена може лесно да ги добие со помош на новиот хранлив кармин од палетата True Colour Supreme, како и со маскарата True Colour Supreme Length. Маслото од јојоба, медот и восокот од пчела што кармините ги содржат обезбедуваат ефект 3 во 1 на усните – изедначена и богата боја, нега и длабинска хидратација која трае и до 24 часа. Благодарение на аргановото и кокосовото масло, како и на витаминот Е, по користењето на True Colour Supreme Length маскарата, трепките се нахранети, без грутки и размачкување.




