Ви препорачуваме
„Баскерфест“ – забава за скопјани во вечерните часови (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Веќе шести ден Скопје дише во ритамот на уличната уметност. Градскиот плоштад „Македонија“ е централното место каде што се одвива фестивалот „Баскерфест“ со секојдневни настапи на артисти од целиот свет.
„Оваа година имаме артисти од Аргентина, Бразил, Италија, Романија, Јапонија, Нов Зеланд, Америка, Германија. Тие веќе се како едно големо семејство, бидејќи за време на „Баскерфест“ постојано се заедно. Фестивалот освен што нуди забава за сите македонски посетители, привлекува и голем број туристи кои уживаат во театарот под отворено небо кој секојдневно од 19:00 до 00:00 се одвива на градскиот плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје“ – изјавија од организацијата на фестивалот.
Артистите се воодушевени од Скопје. Велат дека одлично се забавуваат овде и дека највеќе им се допаѓа македонската гостопримливост.







