Ви препорачуваме
Stone Bridge Suites апартмани – хотелски третман во домашен амбиент
Се отворија Stone Bridge Suites, 23 луксузно опремени апартмани кои ќе се издаваат под наем во рамките на современиот бизнис и резиденцијален комплекс CAPITOL Mall & Residence во Скопје.
Апартманите претставуваат круна на успешната долгогодишна приказна на професионалниот тим кој стои зад луксузниот хотел Stone Bridge во центарот на градот. Искуството на тимот во угостителските дејности придонесе да се создаде поинаков модел на хотелијерство и сместување кој одговара на потребите на гостите, чиj приоритет е да добијат хотелски третман во домашен амбиент.
Апартманите се погодни за сместување на бизнис партнери и други гости, бидејќи нудат комоција, а третманот кој го добиваат гостите е хотелски. Тие имаат промотивна цена од 50 евра од први јуни до први септември 2016. Посетителите ќе имаат можност да уживаат и да се чувствуваат како дома, а истовремено да ги користат сите придобивки како во хотел од висока категорија. Секој од апартманите во Stone Bridge Suites се простира на 72м2 модерно уреден простор, целосно опремен со функционален мебел.





