Магазин
„Бимилк“ го намали количеството сол во сирењата
Компанијата „Бимилк“ соопшти дека го намалила за 20 проценти количеството на сол кај белите сирења со што сега процентот на сол изнесува до 2,5 проценти.
Од компанијата истакнуваат дека со промените направени во технологијата на производство, отсега сирењата ќе имаат помала количина на сол, а се богати и со хранливи материи, протеини, калциум и содржат многу витамини.
Со намалувањето на количеството сол во сирењата, како што посочува „Бимилк“, овие производи позитивно ќе влијаат и на крвниот притисок кај консументите.




