Магазин
Борис Џонсон тврди дека кралицата Елизабета имала рак: „Знаев за тоа една година“
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во неговите претстојни мемоари „Unleashed“ ја опиша својата последна средба со покојната кралица Елизабета Втора, која се одржа во замокот Балморал во септември 2022 година, неколку дена пред нејзината смрт. Џонсон тврди дека на кралицата и бил дијагностициран рак на коските во последните години од животот, пренесува Daily Mail делови од неговите мемоари.
„Веќе една година или повеќе знаев дека таа има форма на рак на коските, а нејзините лекари беа загрижени дека во секој момент може да дојде до ненадеен пад“, напиша Џонсон во мемоарите.
Исто така, тој пишува и дека приватниот секретар на кралицата, Едвард Јанг, го предупредил дека нејзиното здравје „многу се влошило во текот на летото“.





