Занимливости
Револуција во медицината: Дали музиката на Бетовен може да помогне во лекувањето на ракот?
Музиката одамна е позната по своите терапевтски својства – од ублажување на стресот до подобрување на концентрацијата. Но, дали може да оди чекор понатаму и да стане алатка за лекување на болести?
Научници од Федералниот универзитет во Рио де Жанеиро направија фасцинантно откритие: Бетовеновата „Симфонија бр. 5“ може селективно да уништува клетки на рак, оставајќи ги здравите клетки непроменети.
Музиката како оружје против ракот
Во лабораториски услови, истражувачите ги изложиле клетките на рак на моќниот звук на Симфонијата бр. 5. Резултатите биле неверојатни – дури 20% од клетките биле уништени, додека здравите клетки останале недопрени.




