
Низ објективот
Принцот Луис ја фотографираше Кејт: Трогателен момент за Светскиот ден на борбата против ракот
Прекрасна фотографија на принцезата од Велс, направена од нејзиниот шестгодишен син, принцот Луис, го обиколи светот!
Сликата ја прикажува Кејт во шума, со раширени раце, снимена во Виндзор во последните неколку недели. Фотографијата е објавена по повод Светскиот ден на борбата против ракот, а принцезата на Инстаграм испрати силна порака: „Не заборавајте да се грижите за сè што се крие зад болеста.“
Од Кенсингтонската палата истакнуваат дека оваа слика го одразува значењето на природата за Кејт, која во јануари објави дека е во ремисија од рак.



