Занимливости
Брисел: Модна ревија со креации од чоколадо
Љубителите на слатки и мода во Брисел ги реализираа своите соништа кога пред нив прошетаа модели облечени во креации направени од чоколада.
Модната ревија, која е резултат на соработка меѓу дизајнери, готвачи и производители на чоколадо од 15 земји, го отвори тридневниот саем „Salon du Chocolat“ во главниот град на Белгија.
Невообичаени чоколадни креации вклучуваат вечерни тоалети, коктел фустани до шешири.




