Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Манука мед – најмоќниот природен антибиотик

Магазин

Манука мед – најмоќниот природен антибиотик

Манука медот се смета за најздравиот мед на светот, кој се добива од растението манука, кое вирее единствено на подрачјето на Нов Зеланд и некои делови од Австралија.

Овој мед е најмногу познат поради силното антивоспалително дејство кое помага при лекување бактерии отпорни на антибиотици.

Медот има повеќенаменска употреба:

Убива бактерии

Поради своите природни антибактериски својства во медицината, овој мед се користи илјадници години, најмногу за лекување инфекции на кожата.

– Манука медот има посебни антибактериски својства кои помагаат при различни инфекции, докажано влијае на намалување на бројот на стафилококи, егземи, дерматитис, акни, габични инфекции, појаснува дерматологот Лили Талакоуб.

Ја прави кожата сјајна

– Манука медот е познат по своите лековити дејства и претставува прв чекор во негата на кожата, посебно на таа што е подложна на воспаленија, истакнува дерматологот Џенифер Сегал.

Доколку се користи како средство за чистење, тогаш прво треба да се тргне шминката. Потоа се зема половина лажичка манука мед и се загрева со помош на прстите. Се додава капка вода за да може полесно да се аплицира на лицето. По 15 минути се мие со млака вода.

За нос

– Според резултатите од последното истражување, луѓето со назални проблеми кои користеле манука мед за испирање на носот – назално чистење, имале значително помалку бактерии во носот, истакнува алергологот Тања Елиот.

Манука медот има природни антибактериски својства, помага во превенција на назалните инфекции и синусите. Исто така, безбеден е за секојдневна употреба.

За подобар сон

Една лажичка од овој мед пред спиење и ќе заборавите на несоницата.

– Кога се зема во мали дози пред спиење, манука медот може да помогне за производство на мелатонин во мозокот што го регулира циркадијалниот ритам – биолошки метаболиски часовник и го олеснува спиењето, појаснува Талакоуб.

Помага при алергии

Со секојдневно конзумирање на една лажичка манука мед може да се спречат сезонските алергии.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.