Занимливости
Британците се обложуваат за полот на близнаците на Кејт Мидлтон
Откако беше и официјално објавено дека сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон е бремена, Британците почнаа да се обложуваат за тоа – дали бебето ќе биде машко или женско.
Ситуацијата дополнително ја искомплицира фактот што војвотката Кејт носи близнаци. Тоа значи – нови коефициенти за обложување во рамки на Обединетото Кралство.
Во Западна Европа е вообичаено кралските семејства да имаат по три или и повеќе деца. Самата кралица Елизабета Втора има четири деца – Чарлс, Ана, Едвард и Ендрју. Се проценува и дека доколку не се случеше драмата со принцезата Дијана, таа со Чарлс ќе имаа барем уште едно дете.




