Магазин
Болката во грбот може да предизвика трајни промени на мозокот
Долготрајните болки во грбот, може предизвикаат намалување на сивата маса на таламусот и трајни промени во мозокот, предупредуваат експерти од американскиот универзитет Нортвестерн.
Таламусот, инаку е дел задолжен за одлучување и социјално однесување на луѓето.
– Лицата со константна болка во грбот имаат намалена активност во одреден дел од мозокот, а промените кои се случуваат со време ја намалуваат ефикасноста на терапијата.




