Занимливости
Британец објави дека е во четвртиот месец од бременоста
Хајден Крос (20), од англискиот град Глостер, е првиот маж во Велика Британија кој јавно на Фејсбук објави дека е бремен.
Крос инаку е роден како девојче, но веќе три години е законски признат и живее како – маж. Веќе прима терапија за промена на полот, но одлучил – пред завршните операции да роди.
Така, идниот „татко“, кој на социјалните мрежи нашол донатор на сперма, сега е во четвртиот месец од бременоста.




