Магазин
Букурешт – град на кабли
Романскиот главен град Букурешт би можел да се нарече и град на кабли, бидејќи на сите згради висат кабли од телефон, интернет и други дигитални услуги. Такви кабли не можат да се забележат во ниту една друга светска метропола.
Речиси ниту еден објект не е оставен без висечки кабли на својата фасада, кои од зградите до столбовите висат и го нагрдуваат изгледот.
Во западните земји членки на ЕУ таква „шума“ од кабли не може да се забалежи ниту во најмалите населени места.




