Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бурџ Калифа осветлена во розово

Занимливости

Бурџ Калифа осветлена во розово

Фасадата на највисоката кула во светот Бурџ Калифа во Дубаи синоќа беше осветлена во розова боја по повод годишната светска кампања за борба против ракот на дојка.

Играта на светлата ќе бидат повторени и наредние два дена во текот на сите викенди во октомври, кои во светот се нарекуваат „розов октомври“, објави агенцијата за недвижности „Ермаар“ од Дубаи, која е промотор на иницијативата.

Посетителите на Бурџ Калифа, која стана виситнска туристичка атракција по отворањето во 2010 година, се поканети да се облечат во розова боја за да се изрази поддршката на кампањата.

Посетители во кафулаетот на платформа на 148-от кат ќе бидат во можност да се купат и чоколади од чија продажба во октовмри 0,25 евра ќе бидат наменети за Фонадацијата „Ал Џалила“, која е многу активна во борба против ракот на дојка.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.