Занимливости
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ: Најкусиот комерцијален лет на светот не трае ниту една минута
Релацијата меѓу Вестреј и Папа Вестреј во рамки Оркниските Острови се смета за најкуса во светот кога станува збор за воздушниот сообраќај.
Во зависност од јачината на ветерот од еден остров на друг може да се стигне дури за 47 секунди, иако за оваа оддалеченост од 2,7 километри обично се потребни околу две минути патување со авион.
Таа релација од 1967 година ја покрива регионалната компанија Логанер, а цената на повратниот билет изнесува околу 27 евра.




