Занимливости
Честички од загаден воздух биле пронајдени кај неродени бебиња
Честички од загаден воздух биле пронајдени во плацента, но, сепак, досега не е познато какви оштетувања предизвикуваат кај фетусот.
Научници пронашле прв доказ дека честички од загаден воздух влијаат и врз неродено бебе, беше соопштено на Конгресот на Европското друштво за респираторно здравје во Париз.
Истражувањата покажале дека токсичните честички „патуваат“ низ белите дробови на бремената жена и доаѓаат во плацентата. Сепак, не е познато какви оштетувања предизвикуваат кај фетусот. Новата студија покажала дека сосема е можно тие честички да влегле и во фетусот, објави „Гардијен“.




