Актуелно
ИСТРАЖУВАЊЕ: Како загадениот воздух ја менува нашата психа, концентрација и расудување?
Дури и краткотрајната изложеност на загаден воздух може значително да ја намали способноста за концентрација и расудување, покажува ново истражување спроведено во Велика Британија.
Според The Guardian, загадувањето влијае на когнитивните функции и ја зголемува расеаноста во секојдневниот живот.
Како загадениот воздух влијае на мозокот?
Истражувањето, објавено во престижното научно списание Nature Communications, докажува дека високо ниво на ПМ-честички има директно влијание врз селективното внимание и способноста за препознавање емоции. Испитаниците имале потешкотии со задржување на фокусот, биле подложни на одвлекување на вниманието, а воедно покажале намалена способност за препознавање емоции кај другите луѓе.



