Магазин
Фестивал на хамбургерите во Загреб
Во Загреб вчера беше отворен Фестивалот на хамбургери, кој ќе трае до 23 септември.
Посетителите на фестивалот, што се одржува на градскиот плоштад Штросмајер, наредниве десетина дена ќе може да уживаат во 70-на вида хамбургери.
Годинава за гурманите на месото ќе се погрижат 18 хрватски бургер мајстори од Загреб, Пула и Сплит, со рецепти од цел свет.




