Ви препорачуваме
Четвртото продолжение на „50 нијанси на сиво“ стигнува на 18 јуни
Е.Л.Џејмс, авторката на планетарниот книжевен феномен „50 нијанси на сиво“, се враќа со ново, четврто продолжение на популарниот еротски серијал.
Книгата под наслов „Grey“ , ќе биде објавена на 18 јуни, соопштија од издавачката куќа Винтиџ Букс.
Овојпат приказната е раскажана од „машки агол“ т.е. од аголот на милијардерот Кристијан Греј, чија жешка романса со младата Анастазија Стил стана опсесија од меѓународни размери.




