Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВРЕМЕ Е ЗА СОНЧАЊЕ: Седум грешки на сонце кои сите ги правиме

Ви препорачуваме

ВРЕМЕ Е ЗА СОНЧАЊЕ: Седум грешки на сонце кои сите ги правиме

На сите ни е добро познато дека ултравиолетовите зраци се најсилни во периодот од 11 до 17 часот и дека во тоа време треба да се избегнува директното изложување на сончевата светлина.

Исто така, знаеме и дека треба да се мачкаме со крема со соодветени заштитен фактор, но и покрај тоа и понатаму ги правиме овие грешки:

1. Не нанесуваме доволно крема за сончање

За директна заштита на телото од негативни влијанија на УВ зречењето потребно е добро да се намачка секој дел од кожата на лицето и телото. Во просек за едно мачкање би било потебно околу 40 милилитри производ, што е волумен на чашка за ракија.

2. Забораваме да нанесеме нов слој средство за сончање

Едно мачкање со крема за сончање не е доволно добра заштита од УВ зрачењето. Новиот слој треба да се нанесе по секое капење во море, река или езеро, односно по туширање. Дури и да не влегуваме во вода, изложувањето на сонце ве тера на зголемено потење кое ја намалува ефикасноста на првиот слој, па  пожелно е да се нанесе нов слој на секои два до три часа.

3. Купуваме средство со погрешен SPF фактор

Заштитниот фактор (SPF) дава заштита од УВБ зраци кои предизвикуваат црвенило на кожата. Средствата за сончање со заштитен фактор 15 апсорбира околу 93 отсто УВБ зраци, оној со SPF 30 околу 97 отсто од тие зраци, додека кремата со заштитен фактор 50 околу 98 отсто УВБ зраци. Лицата со чувствителна кожа би требало да избираат производи со повисок фактор, но и понатаму да се избегнува директно изложување на сончевата светлина.

4. Лошо користење на средствата со распрскувач

Средствата за сончање во спреј лесно се нанесуваат и имаат нежен мирис. Нивната лоша страна е што со распрскувањето на честичките не се покрива целата површина на кожата, туку е половично. За да се избегне тоа, држете го распрскувачот над одделните делови на телото околу пет секудни, а потоа средството на кожата „размачкајте“ го со дланката.

640410001-sun-creme-creaming-applying-back[1]

5. Забораваме да се намачкаме со средство за сончање

Кожата треба да се намачка со средство за сончање кое ни одговара дури и кога времето не се поминува на брегот. Заштитата е потребна и во текот на обичното шетање по градот, односно, кога на сонце се изложува голата кожа на рацете, нозете и лицето. Експертите препорачуваат средство со минималнен заштитен фактор 30 без оглед на типот на кожата.

6. Не нанесуваме средство за сончање под облеката

Верувале или не, но белата маица има заштитен фактор 3, а тој број „паѓа“ ако парчето облека е мокро. Затоа пожелно е да се нанесе средство за сончање на целото тело, дури и делови кои ги прикриваме со облека.

7. Забораваме на капаците, ушите и темето

Дури и кога се става средство за сончање на лице, голем број од нас забораваат да се намачка чуствителната кожа на ушите и капаците. Свесното игнорирање на подрајето на темето исто така, треба да се заштити од силното сонце. Ако не сакате да ја „мачката“ косата со силни креми, користете полесни верзии на средства за сончање во распрскувачот кои брзо се сушат.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.