Магазин
Црното чоколадо е поздраво од млечното
Црното чоколадо, поради здравите состојки, секогаш се препорачува за конзумирање пред млечното, дури и на дневна основа, но сепак експертите предупредуваат да се посвети внимание на количината, бидејќи прекумерното користење може да биде штетно.
Црното чоколадо е богато со какао, кое има висок процент на флавоноид, антиоксиданси кои спречуваат оксидација на холестеролот и така ги штитат крвните садови, го намалуваат крвниот притисок, ја подобруваат когнитивната способност и најверојатно го намалуваат ризикот од дијабетес.
Млечното чоколадо содржи мала количина флавоноид, а белото воопшто нема. Црното чоколадо има горчлив вкус и колку повеќе содржи флавоноид толку е погорчливо. Производителите со обработката, за да биде повкусно, ги уништуваат здравите состојки.




