Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЗА СИТЕ ПАРОВИ: Дали вашето момче ќе биде совршен татко?

Љубов

ЗА СИТЕ ПАРОВИ: Дали вашето момче ќе биде совршен татко?

Следуваат карактеристики, кои се одлика на секој совршен татко.

Немојте претерано да го критикувате партнерот, доколку се труди на добар пат е да биде идеален татко.

1. Грижлив и внимателен

Секој идеален татко внимава на своите деца и ужива во секој заеднички момент со него.

2. Не се плаши да покаже емоции

Иако ова често не се сретнува кај мажите пред да добијат дете, повеќето татковци почнуваат јасно и пред сите да ги покажуваат своите чувства, без оглед на тоа што луѓето ќе помислат за нивната машкост.

3. Одлично се носи со стресот

Додека мајките е мошне лесно да се разлутат, растажат или да ги извадите од такт, татковците тука се многу поиздржливи и одлично се носат со стресот.

4. Помош во домашните работи

Иако малкумина мажи тоа ќе го признаат во јавноста, многумина од нив се одлучуваат на помош во куќата, кога ќе добијат бебе. Готвењето и чистењето понекогаш нема да резултира со чиста куќа и вкусен оброк, но дајте му до знаење на партнерот дека го цените неговиот труд.

5. Можете да се потпрете на него

Човекот на кој можете да се потпрете вреди злато. Кога ќе дојде детето има многу непланирани ситуации во кои треба брзо да се размислува и дејствува, а луѓето од доверба се повеќе од потребни во тие хаотични моменти.

6. Подготвен на жртва

Доколку мажот е подготвен поради своето дете да ги промени останатите планови, па дури и оние кои ги направил неколку месеци однапред, тој е создаден за супер татко.

7. Ве сака

Иако е позната поговорката дека од љубов не се живее, низ многубројни животни ситуации многу е полесно да се чекори со некого, кој ве сака и кого вие го сакате.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Љубов

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.