Магазин
Црвено месо и млеко за долговечност
Луѓето кои јадат црвено месо и сирење повеќе од препорачаното живеат подолго, објави Дејли телеграф. Резултатите се однесуваат на истражување направено на научниците од Универзитетот Мекмастер во Канада.
Според експертите, три порции полномасни млечни производи и една и пол порција месо дневно можат да го намалат ризикот од рана смрт за една четвртина. Резултатите од истражувањето се спротивни на препораките на здравствените работници да се ограничуваат полномасните производи.
Луѓето кои јадат повеќе масти обично ги намалуваат јаглехидратите кои никако не се корисни кога се преработени во слатки храни.




