Занимливости
Денеска е Меѓународен ден на снешкото
Идејата за овој празник е на германскиот колекционер Корнелиус Граетц, а датумот 18 јануари, не е избран случајно: единицата симболизира метла, а осумката – телото на снешко.
Празникот има за цел да ги расположи луѓето во студените зимски денови и да ги натера наместо да се плашат од снегот, да излезат надвор, да му се израдуваат и да направат барем една насмевната фигура.
Инаку, првиот нацртан снешко бил еврејски. Боб Екштајн, кој професионално ја проучувал историјата на снешкото за својата книга, открива дека првпат се појавил во црковно-богослужбената книга „Часослов” од 1380 година. Постоела и слика, на која можело да се види еврејски снешко, кој се топи до огнот, а во пасуси на страницата се опишани Христовите маки.




