Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Десет работи што може да се прават во Сан Франциско (ФОТО)

Магазин

Десет работи што може да се прават во Сан Франциско (ФОТО)

Според некои американски стандарди Сан Франциско и не е голем град, но сепак тој има многу да им понуди на своите посетители.

Иако по дијагонала Сан Франциско има само 11 километри, на толку мал простор сместени се многу историски градби, прекрасни паркови, музеи и други забавни содржини.

 Следуваат неколку идеи за тоа што би можеле да посетите во овој град:

Искористете го системот на трамвајски линија за да го разгледате градот

Сан Франциско има три тамвајски линии, кои сообраќаат по стрмните улици. Системот почнал да се користи пред сто години, во почетокот служел како приградски јавен превоз, а денес воглавно го користат туристи. Линиите кои се движат по улиците на Ембаркадеро и Маркет се најдобри за да добиете најубав поглед на градот.

Излет на Алкатраз

Алкатраз е дефинитивно најпознатиот затвор во светот, често пати опеан и оплакан во холивудските филмови, а во него „служеле“ некои од нејпознатите криминалци на светот како што е Ал Капоне. Затворот беше затворен пред 40 години, а денес е претворен во атракција кој годишно е посетена од над еден милион туристи.

Рамноправност

Сан Франциско е главен град на геј популацијата во САД и дом на најголем број членови на геј ориентацијата. Заради тоа заслужи титула за најлиберален град во САД. На улиците безгрижно шетаат двојки од ист пол држејќи се за раце, а сите се заколнуваат дека во градот има најдобра забава.

Посетете ги единствените „speakeasy“

За време на прохибицијата во раните 20-тите години од минатиот век, илегалните „speakeasy“ беа единствени места, каде луѓето можеа да се опуштат со коктел. Така кафулето Ден имало подрумски дел, каде бил сместен бар, во кој можеле да влезат само гости со покани. Денес кафулето е отворена, а во функција е и подземниот дел каде се служи само алкохол. Вистинско место да дојдете во контакт со шарената историја на градот.

Посетете го Твин Пикс

По планината Давидсон, Твин Пикс со своите 281 метри висина обезбедува најдобар поглед на градот. Без проблеми можете со пешачење да се искачите на видиковецот, додека оние со помала кондиција можат да земат такси, кое ќе ги однесе до врвот.

Посетете го Експлораториум

Во текот на врнежливите денови Експлораториумот е најдобра опција за малку забава под покрив. Конструиран првенствено за да служи како лабораторија, тоа е вистинско место каде може да  дознате како функционира светот околу вас.

Јужно од улицата Маркет

Овој дел на градот се вика СоМа и денеска во него се наоѓаат најдобрите ресторани и клубови во Сан Франциско. Покрај клубовите и рестораните се наоѓаат и продавници од најпознатите дизајнери, а кога ќе се уморите – одмор можете да побарате во преубавиот парк.

Музеј Механик (Mecanique)

Сан Франциско е град каде на секој чекор можете да најдете некое парче од неговата богата историја. Тоа е Музејот Механик. Тоа е соба за игри кои постоеле пред сто години и таму се наоѓаат флипери, кои се уште раота тна монети.

Мостот Голден Гејт

Гигантската структура Голден Гејт секогаш е импозантна глетка. Преку него можете да поминете во секое време од денот и ноќта со автомобил, велосипед или пеш. Во негова непосредна близина се наоѓа Голден Гејт паркот, каде можете да пронајдете идеални места за пикник, градини, како и музеи.

Мур Вудс (Muir Woods)  споменик на природата

Ако некогаш сте сакале да видите гигантска секвоја од непосредна близина тогаш овој споменик на природата е вистинко место за вас. Верувајте ни, никаде на друго место нема да се чувствувaте помали отколку тука, под 150 метри високите стебла.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.