Занимливости
Десетгодишно момче преживеа 30 часа во дивина
Американецот Малахи Бредли (10) преживеа 30 часа сам во дивина, благодарение на техники за преживување што ги научил од својот татко, откако во неделата изутрина се загуби на планината Уинта, во сојузната држава Јута, додека бил на излет со своето семејство.
Момчето околу 10:30 по локално време тргнало во шумата да собира печурки за ручек. По половина час неговиот татко се загрижил и почнал да го бара, а подоцна повикал и полиција.
Малахи се загубил и не знаел како да се врати до езерото, но наместо да паничи тој се сетил на советот од својот татко. – Пред една недела кампувавме со своите другари и игравме игри, што би правеле ако се загубиме, изјави еден од роднините на Малахи.




